Техеран може да има централна улога во борбата против Исламската држава

18.09.2014 12:06

Зариф уште еднаш изразил жалење што Иран не е повикан во Париз на состанок за Исламската држава...

Техеран може да одигра централна улога во борбата против новата терористичка организација. Исламска држава е „опасен феномен“, но не може да се совлада со воздушни напади, изјави шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф во говорот пред Советот за надворешни работи во Вашингтон.

Тој ги обвини другите нации дека создале „Франкештајн кој се свртел против своие создавачи“.  Зариф уште еднаш изразил жалење што Иран не е повикан во Париз на состанок за Исламската држава.

Пред почетокот на воените напади исламската држава почна да напушта некои свои бази и позиции. Во градот Мајадин во близина на границата со Ирак се напуштени осум бази, а се уште се стационирани во три.

Станува збор за голем дел кој е под контрола на вооружената екстремистичка група, изјавил за Франс прес Абу Осама, борец на ИСИЛ.