Свет

Светски ден на планетата земја

22.04.2026 11:01

Со повеќе настани, форуми, и разни акции во светот денеска се одбележува Денот на планетата Земја. Секоја година, милиони луѓе низ целиот свет се собираат за да го одбележат овој ден и да го прослават еколошкото движење.

Денот на планетата Земја, кој секоја година се одбележува на 22 април, е глобален настан кој има за цел да ја истакне важноста на заштитата на животната средина.

Историјата на ова движење започнува во 1970 година, како одговор на сериозните еколошки штети во САД, поттикнати од катастрофалното излевање на нафта во Калифорнија една година претходно. Американскиот сенатор Гејлорд Нелсон и студентот од Харвард, Денис Хеј. Она што започна како локална иницијатива, во 1990 година прерасна во меѓународен феномен кој денес претставува најголемиот граѓански настан во светот.

Денот на планетата Земја секоја година има специфичен фокус. Во последните години, акцентот е ставен на борбата против климатските промени, намалувањето на употребата на пластика и заштитата на биодиверзитетот. Главната порака секогаш е насочена кон одржливоста и начините на кои секој поединец може да придонесе.