Германија усвои нова воена стратегија со цел да стане најсилна конвенционална сила во Европа до 2039
Министерот за одбрана Писториус ја потврди целта од околу 260.000 активни војници, со резерви што би ја зголемиле вкупната сила на најмалку 460.000.

Германија ја претстави првата национална воена стратегија, во која се предвидува значително јакнење на армијата. Министерот за одбрана Писториус ја потврди целта од околу 260.000 активни војници, со резерви што би ја зголемиле вкупната сила на најмалку 460.000.
Планот доаѓа во услови на зголемени безбедносни ризици и предупредувања од растечки ризик од руски напад врз НАТО. Целта, според стратегијата, е Германија да стане најсилната конвенционална армија во Европа.
„Водечката линија е да имаме најмалку 460.000 оперативен персонал, кој ќе го сочинуваат и активните и резервните сили. Нашата амбиција е да бидеме најсилната конвенционална армија во Европа“, изјави Борис Писториус, министер за одбрана на Германија.
