Штип

Студенти има, обучен кадар во компаниите недостига

22.04.2026 18:29

Додека универзитетите создаваат дипломи, компаниите бараат вештини. Универзитетот „Гоце Делчев“ и Стопанската комора решението го гледаат во јакнење на соработката меѓу образованието и бизнисот, за младите да останат во државата, а економијата да се развива…

Реалниот сектор се соочува со дефицит на високо стручни кадри. Затоа компаниите се повеќе нудат практична обука за студентите, посебно во техничките струки, рударството и земјоделието. Дефицит има и во бањскиот туризам.

Квалитетно образование да има во амфитеатрите, но и во компаниите.

Праксата за време на студирањето е клучна за кариерен напредок, велат студентите.

Ректорот вели дека соработката со компаниите и вмрежувањето со европските универзитети го прави УГД привлечен за матурантите.

Можноста за квалитетно високо образование и кариерен напредок придонесува за намалување на иселувањето на младите од државата.

Славица Величковска