Убиство во Кочанско: Со железна шипка го усмртила сопругот
18.09.2014 12:24
Мотивите за убиството не се познати, но според очевидци причината за смртта се честите брачни расправии...

Во селото Спанчево, општина Чешиново Облешево синоќа околу 22:45 часот се случило грозоморно убиство во кое настрадал Тодор А. (62) по семејната расправија помегу него и неговата сопруга М.А.
Случајот го пријавил неговиот син Т.А. (39) кој враќајки се од работа во дворот го забележал неподвижното тело на татко му.
Мотивите за убиството не се познати, но според очевидци причината за смртта се честите брачни расправии.
Според наодите на лекарите, Тодор А. починал од силниот удар со метален предмет во главата, а се забележани и удари по телото. М.А. е приведена од полицијата и против неа е поднесена кривична пријава.
