Нерегуларностите на Филозофски факултет под лупа на институциите
Министерката за образование Јаневска сè уште го чека извештајот за случајот за магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет. Вели од ќе зависат натамошните чекори.

Министерката Јаневска се надева дека неправилностите кои беа откриени на Филозофскиот факултет при УКИМ се изолиран случај и не биле направени со намера. Уверува оти надежните ќе ја утврдуваат одговорноста за тие кои дозволиле студенти со несоодветен степен на завршени студии да го продолжат образованието на постдипломски и магистерски студии. Во МОН сè уште го чекаат целосниот извештај по што ќе се донесе конечна одлука, но можно е да се поништат дипломите.
Деканот Оливер Бакрески беше дециден дека управата на факултетот побарал од Државниот просветен инспекторат да изврши контрола и дека постапиле по нивните укажувања. Посочи дека парите на студентите кои сега се отпишани ќе им бидат вратени.
Првиот студент на постдипломски студии со тригодишни стручни додипломски студии бил запишан во 2019 година. Досега не докторирал ниеден, а магистрирале осуммина на едногодишни стручни студии.
Нема решение од Инспекторатот дали нивните дипломи ќе останат важечки. Контролата била спроведена за период од 2019-2024.
Викторија Милевска
