Пад на имунизацијата, докторите со едукација за придобивките
Изминатата година лекарите на Институтот за јавно здравје констатираат значителен пад на имунизацијата. Опфатот од 80% е со вакцината хепатитис Б, хемофилиус инфлуенца и ДиТеПер, како и вакцината против пневмокок.

Родителите ги имунизираат децата во епидемија или со притисок. Изминатата година лекарите на Институтот за јавно здравје констатираат значителен пад на имунизацијата. Опфатот од 80% е со вакцината хепатитис Б, хемофилиус инфлуенца и ДиТеПер, како и вакцината против пневмокок. Нешто малку над 60% е ротавирусната вакцина, додека опфатот со ХПВ вакцината останува на 50%.
Нискиот опфат на имунизација ги извади здравствените работници на терен, ќе ги едуцираат учениците и родителите зошто е битно да се примат сите вакцини предвидени според календарот. Опфатот со МРП вакцината според последните податоци на институтот за јавно здравје е 62,7%, лекарите велат тоа е ризик и може пак да се врати епидемија на сипаници.
Докторите од превентивна здравствена заштита на учениците од седмо, осмо и деветто одделение во скопските основни училишта им држат предавање за да ги запознаат со придобивките од ХПВ вакцината, со која од пред две години се опфатени и момчињата.
Според докторката Ристова ова е резултат на неинформираноста на родителите.
Докторката Ристова вели поради недоволната имунизациска покриеност ќе ни се повтори епидемијата на морбили каква што ја имавме пред 8 години, 1.900 деца беа заразени, 4 бебиња починаа.
Наташа Јанчиќ - Менковски
