Нова фаза на неизвесност на Блискиот Исток
Примирјето меѓу САД и Иран продолжено во последен момент, преговорите и натаму неизвесни. Трамп ја продолжи блокадата на иранските пристаништа, револуционерната гарда нападна и запленети бродови во Ормускиот теснец. Техеран уверува дека Трамп купува време, меѓународната заедница бара излез од кризата. За утре закажани нови разговори меѓу Израел и Либан, се работи на продолжување на примирјето.

Нова фаза на неизвесност на Блискиот Исток. Блокадата на иранските пристаништа продолжува. Пред истекот на рокот, Трамп го продолжи примирјето меѓу Вашингтон и Техеран, иранската гарда нападна и запленети бродови во Ормускиот теснец.
„Побарано е да го одложиме нашиот напад врз Иран сè додека нивните лидери и претставници не излезат со заеднички предлог. Затоа и наредив на војската да ја продолжи блокадата и да остане подготвена. Со тоа, ќе го продолжам и примирјето сè додека не биде доставен нивниот предлог и разговорите не завршат, на еден или друг начин“, изјави објава на Доналд Трамп- претседател на САД.
Иран скептичен – велат одлуката на Трамп е обид за купување време за можен ненадеен удар. Нема конечна одлука за преговори со сад сè додека не се тргне блокадата. Меѓународната заедница ја поздрави одлуката за продолжување на прекинот на огнот и бара брз излез од кризата.
„Не е донесена конечна одлука. Причината е јасна-се соочуваме со контрадикторни пораки и неприфатливи дејствија од американскиот колега. Агресијата кон поморскиот превоз и трговија е опасно кршење. Ова се примери за пиратство и државен тероризам“, изјави Есмаил Багаи – портпарол на Министерство за надворешни работи на Иран.
За утре е закажана средба меѓу претставници на Израел и Либан во Вашингтон. Тел Авив го повика Бејрут да соработува за разоружување на милитантната група Хезболах. Во тек се разговори за продолжување на примирјето, вели либанскиот претседател.
„Немаме никакви сериозни несогласувања со Либан. Постојат неколку мали гранични спорови, кои можат да се решат. Пречката за мир и нормализација меѓу земјите е една: Хезболах“, изјави Гидеон Саар – министер за надворешни работи на Израел.
По договорот за 10-дневен прекин на огнот, Израел воспостави тампон-зона на 10 километри во јужен Либан за да ја отстрани заканата од ракетни напади.
Маријана Димовска
