Собрание

Пратеник само со едно, македонско државјанство

22.04.2026 17:15

Иницијативата ја дадоа група пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека со ова се предвидува пратениците да можат да поседуваат исклучиво македонско државјанство. И од СДСМ го поддржаа ова решение, но сепак сметаат дека оваа измена на законот за пратеници е чист популистички потег и дека не може да се обезбеди доказ дали некој пратеник има само македонско државјанство или има повеќе, поради што оваа измена е неприменлива...

Пратениците ги изгласаа измените во Законот за пратеници по скратена постапка во првата фаза, услов е само со македонско државјанство и пасош да се стане пратеник. Иницијативата ја дадоа група пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека со ова се предвидува пратениците да можат да поседуваат исклучиво македонско државјанство. Од владејачката партија нагласија дека токму од страна на опозициската СДС биле неосновани обвинувањата дека одреден дел од пратениците се со двојно државјанство, а потписници на оваа измена, како што кажа, се токму актуелни пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за кои СДС наведува дека се со бугарско државјанство, и додаде дека денес ќе пукне уште еден меур од сапуница од страна на СДСМ.

И од СДСМ го поддржаа ова решение, но сепак сметаат дека оваа измена на законот за пратеници е чист популистички потег и дека не може да се обезбеди доказ дали некој пратеник има само македонско државјанство или има повеќе, поради што оваа измена е неприменлива.

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара и ќе инсистира, покрај измените на законот за пратеници, да се изменат и законите во кои се регулира изборот на сите избрани и именувани функционери.

Пратениците од европски фронт велат дека немаат обврска да ги поддржуваат политиките на владејачкото мнозинство.

Во Европа има земји има вакви ограничувања, откажување на второто државјанство пред преземање на функцијата, до целосни забрани за поседување двојно државјанство за кој било граѓанин.

 

Игор Панов