Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

23.04.2026 08:19

Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од околу -2 до 5 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.