Македонија

Вицепремиерот Николоски ќе го отвори состанокот за Коридор 8 во соработка со Делегацијата на ЕУ

23.04.2026 09:01

Како што информираат од Министерството, работниот состанок е од затворен карактер...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, ќе присуствува и ќе го отвори работниот состанок на тема „Коридор 8 – активности и проекти“, кој се организира во соработка со Делегација на Европската Унија во Скопје.

Како што информираат од Министерството, работниот состанок е од затворен карактер.

Предвидени се изјави за медиумите од заменик претседателот на Владата, Николоски, и заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау.