Украина

Киев бара продолжување на преговорите

23.04.2026 10:42

Зеленски изјави дека е подготвен за трилатерални преговори со САД и Русија за прекин на војната, нагласувајќи дека Украина не смее да се става „на чекање“...

Додека се очекува првиот транзит кон Европа преку украинскиот дел од нафтоводот „Дружба“, Русија најави пренасочување на испораките на казахстанска нафта кон Германија од 1 мај поради технички проблеми. Во меѓувреме, ЕУ даде зелено светло за деблокирање на кредитот за Украина, што Киев го оцени како вистински сигнал. Паралелно, Зеленски изјави дека е подготвен за трилатерални преговори со САД и Русија за прекин на војната, нагласувајќи дека Украина не смее да се става „на чекање“.

„Главната работа е регионот Доњецк и регионот Луганск да останат украинска земја. Не треба да има „Путинленд“. Ние сме подготвени за кој било формат во секој момент, не се плашиме да се сретнеме во кое било време во која било земја, освен во Русија и Белорусија“, изјави Володимир Зеленски - претседател на Украина.

Кремљ соопшти дека средбата со Путин е можна само за финализирање на договор за конфликтот, додека Турција продолжува со обиди за обнова на мировните преговори.