Нови вработувања во „Дрекслмаер“

23.12.2013 11:08

200 невработени велешани од наредниот месец ќе почнат да работат во „Дрекслмаер“. Компанијата денеска го почна изборот од доставените 750 апликации, и од нив ќе се изберат првите 200 вработени од Велес. Предност ќе имаат жените, особено оние што претходно работеле во конфекциската  индустрија бидејќи полесно ќе се приспособат на новото работно место.

200 невработени велешани од наредниот месец ќе почнат да работат во „Дрекслмаер“. Компанијата денеска го почна изборот од доставените 750 апликации, и од нив ќе се изберат првите 200 вработени од Велес. Предност ќе имаат жените, особено оние што претходно работеле во конфекциската  индустрија бидејќи полесно ќе се приспособат на новото работно место.

Почна тестирањето на невработените велешани кои аплицираа за вработување во компанијата „Дрекслмаер“. Во Агенцијата за вработување, 750  невработени доставиле апликации,  а од нив  ќе се изберат 200 кои  ќе почнат да работат од наредниот месец.

„Денешниов  ден требада биде  ден кога Велес  првпат ќе почне да вработува луѓе во поголем  број и тоа граѓани кои имаат проблеми со егзистенцијата“, рече Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Тестовите беа лесни, условите за работа  и самата работа, останува само уште да не известат.

„Јас сум самохрана мајка и сакам да се вработам“.

Осум години сум невработен, имам завршено средно електро во „Коле Неделковски“, очекувам и сакам да се вработам“, велат случајно анкетираните  велешани.

За локалната самоупрва ова е потврда дека Велес економски заживува. Во моментов, покрај овие 200 вработувања, активни се огласи за уште 65 слободни работни места.

„Апелирам до велешани да конкурираат за сите објавени работни места од овој проект, но и за сите  наредни, и кон крајот на наредната година заедно да констатираме дека бројката на невработени во Велес е намалена за 10 проценти“, вели Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.

Според утврдената динамика, до крајот на 2014 година околу 1000 велешани треба да бидат вработени во „Дрекслмаер“. Aко се земат предвид и 600-те нови работни места во фабриката што ќе ја гради германскиот инвеститор во индустриската зона Караслари, сигурно е дека бројкaта на активни баратели на работа во Велес  ќе се преполови.

 

Новинар Дијана Иванова
Снимател и монтажа Никола Василковски