Музичка авантура со Балканскиот камерен оркестар
Kако единствен македонски член на Балканскиот камерен оркестар беше дел од концертната турнејата во Јапонија и Босна и Херцеговина, а својот педагошки и изведувачки потенцијал го претставуваша во Црна Гора...

За одржување на креативниот континуитет од голема важност се патувањата преку кои се откриваат нови хоризонтии сензибилитети. Драган Гоневски е музички уметник кој трагајќи по нови предизвици летово ја доживеа својата музичка авантура на неколку концертни локации. Како единствен македонски член на Балканскиот камерен оркестар беше дел од концертната турнејата во Јапонија и Босна и Херцеговина, а својот педагошки и изведувачки потенцијал го претставуваша во Црна Гора.
„Ова турнеја имаше 6 концерти од кои два во Токио, по еден во Сува, Каназава и Нагоја како и уште еден помал во Токио. Имавме две програми. Во едната програма ја изведувавме деветатта Бетовенова симфонија за која ни помогнаа колегите од филхармонијата на Токио, и огромните хорови од 180 хористи, љубители на музиката,како и професионалните солисти. За нас една од поважните работи кои ќе остави и траен запис беше снимањето на ЦД-то со многу интересна програма како Камерната симфонија од Шостакович, 7 мали романски танци на Бела Барток, едно прекрасно дело за гудачи и удиралки. На дискот има 60 минути музика кои ги снимивме за само 5 часа. Дискот е завршен и веќе е пуштен во продажба на јапонскиот пазар“, објаснува Гоневски во емисијата „Витраж“.
Драган Гоневски вели дека Јапонија е многу чудна и убава земја во која и покрај разликите нашиот балкански менталитет може добро да функционира.
„Принципот на работа на овој оркестар е малку пооинаков од оној на кои што ние сме навикнати. Материјалот за работа го добиваме многу порано, по мејл и секој сам се подготвува. Така на пример кога се собра целиот оркестар, за снимањето имавме само две дупли проби и влеговме во студио. По завршувањето на снимката започнавме со подготовката на 9-та симфонија заедно со солистите и хорот“, додава Гоневски.
Разликите се воочливи и во принципите на работа, но и во однесувањето на публиката.
„Сите концерт беа распродадени, а салите преполни. Невообичаено за нас, но во Јапонија публиката доаѓа еден час поранои во салата чекаат да започне концертот.Доколку изведбата им се допадне оставаат да прозвучи завршниот акорд низ салата, по која следи пауза и на крај аплауз. Се на се, имав ретка можност да се запознаам со малку поинаква традиција“, вели Гоневски.
Балканскиот камерен орекстар е формиран во 2007 година од страна на јапонскиот диригент, Тошои Јанагисава, поранешен шеф диригент во Македонската опера и балет. Оркестарот има за цел да ги поврзе и да воспостави соработка помеѓу главните водачи во оркестарските групи. Во оркестарот членуваат концерт мајстори од филхармониските оркестри на Ниш, радио Тирана, Белградската опера и филхармонија, како и Македонската филхармонија. По 6-те настапи во Јапонија следеше концертното претставување во Сараево.
„По турнејата во Јапонија, Балканскиот камерен оркестар учествуваше наСараевскиот фестивал Башчаршијске ночи. На отворањето на фестивалот оркестарот ја изведе 9-та симфонија од Бетовен во соработка со сараевската опера и дувачите на сараевската филхармонија. Според критичарите и реакцијата на публиката, овој концерт е издвои како еден од подобрите на фестивалот“, изјави Гоневски.
Летените настапи Драган Гоневски ги завршува во летниот музички камп во Црна гора каде што држел предавање заедно со професор Татјана Прелевиќ, предавач на високата музичка школа во Хановер, потоа учество во две клавирски трија и настап во оркестарот под диригенство на австрискиот диригетнт Елизабет Етл. По овие бројни активности следат преточување на искуствата во нови проекти.
Весна Малјановска
