Пожари пустошат на југоистокот од САД
САД се соочува со најтешките шумски пожари во последните 40 години. Илјадници луѓе се евакуирани, а најкритично е во Џорџија, каде се уништени десетици домови, а уште стотици се загрозени.

Југоисточниот дел на САД се соочува со најтешките шумски пожари во последните 40 години. Илјадници луѓе се евакуирани, а најкритично е во Џорџија, каде се уништени десетици домови, а уште стотици се загрозени.
„Државата Џорџија прогласи вонредна состојба поради пожарите предизвикани од силните суши, ветрови и ниска влажност. Од 18 април, низ целата држава се пријавени над 90 шумски пожари, кој пеплоса илјадници хектари“, изјави Џои Кејсон – управител на округот Брентли, Џорџија.
„Тешко е да се замислите дека сè за што сте работеле толку напорно, едноставно исчезна без најава“, изјави Бријана Елиот – округ Брентли, Џорџија.
Во Флорида, пожарникарите се борат со 131 активен пожар, додека чадот веќе стигна до големите градови Атланта и Савана, а квалитетот на воздухот е опасен по здравјето.
