Уапсен екс-претседателот на ФФМ
Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство, го уапсија поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини...

Во акција на Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство, уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини. Осомничен дека проневерил околу 700-ни илјади евра, пари што Европската фудбалска организација ѝ ги доделила на ФФМ за градежни работи на стадионот во Охрид.
Пред речиси три месеци, дисциплинската Комисија на фудбалската федерација на Македонија на експретседателот Сејдини му изрече забрана за вршење функција во траење од две години како делегат на собранието на ФФМ поради авансна исплата на околу 700-ни илјади евра на фирма-изведувач, задолжена за изградба на трибина на охридскиот стадион „Билјанини извори“.
Муамед Сејдини на чело на ФФМ беше во два мандати од 2019-та до 2025-та година.
