УХМР

Утрово најстудено на Попова Шапка

23.04.2026 10:18

Во повеќе градови температурите беа блиску до нулата, а најтопло утрово било во Гевгелија со 8 степени...

Утрово најстудено било на Попова Шапка со-4 степени, додека под нулата се спушти и во Маврови Анови со-1 степен. Во повеќе градови температурите беа блиску до нулата, а најтопло утрово било во Гевгелија со 8 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Битола, 14 литри на метар квадратен, по што следуваат Демир Капија со 13 и Гевгелија со 11 литри на метар квадратен.

Врнежи се регистрирани и во други делови од земјата, но со помал интензитет.