Платите во регионот се намалуваат, во Македонија растат

18.09.2014 13:07

Во Хрватска платите се намалија за десет проценти, во Шпанија за пет, а во Словенија платите на службениците се намалени за четири отсто...

Новата економска криза се чувствува во европските економии. Се воведуваат помали плати за 30 проценти. Во Србија за да се избегне економски колапс, државата е принудена да ги намали платите и пензиите за 8%, се намалуваат платите и во Грција.

Во Хрватска платите се намалија за десет проценти, во Шпанија за пет, а во Словенија платите на службениците се намалени за четири отсто.

Намалени се јавните инвестиции, а има зголемување на даноците. Грција ја зголеми стапката на ДДВ на 20, во Шпанија достигна 18 проценти. Унгарија ја зголеми за 7 проценти.

Македонското Собрание ги донесе законските измени кои предвидуваат зголемување на платите на јавната администрација. Тие се зголемуваат за 4 проценти, пензиите за пет проценти.

Во 2006- тата просечната исплатена плата изнесуваше 13.518  денари, во 2013- тата изнесуваше 21.500.

 

Дијана Ценевска