Кривичен Суд

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби

23.04.2026 12:34

Мерката му е продолжена на предлог на Основното јавно обвинителство...

Поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен за нови 30 дена, информираа од Основниот кривичен суд Скопје. Мерката му е продолжена на предлог на Основното јавно обвинителство. Куќниот притвор на екс-вицепремиерот и висок функционер на ДУИ му беше одреден на 23 февруари истиот ден кога тој се врати во земјава по повеќе од една година бегство од органите на прогонот.

Ова е второ продолжување на изречената мерка за обезбедување присуство на Груби. Тој е второосомничен во случајот со проневери во „Државна лотарија“.