Бесими: Важно е повторно да има препорака за преговори од ЕК
На Бесими, утре во Брисел, во директоратот за проширување на ЕУ, ќе му бидат презентирани делови од извештајот за напредокот на земјава во изминатава година...

Македонија вложи огромни напори во реформите и во деловите, кои беа посочени да ги подобрат состојбите. Членството во Европската унија останува врвен приоритет на Република Македонија, вели вицепремиерот за евроинтеграции Фатмие Бесими.
Важно е во престојниот извештај повторно да има препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, наспроти ставот за новата Европска комисија, да нема прием на нови членки.
На Бесими, утре во Брисел, во директоратот за проширување на ЕУ, ќе му бидат презентирани делови од извештајот за напредокот на земјава во изминатава година.
Бесими очекува објективност, да се нотираат сите области каде што има напредок и каде што се очекува да има поголем прогрес.
Политичкиот и меѓуетничкиот дијалог, судството, слободата на изразувањето, се очекува повторно да бидат теми во акцискиот план на владата, кои ќе се разработуваат по објавувањето на извештајот на Европската комисија во октомври
