На УГД започна Меѓународна стартап академија со учество на средношколци од Македонија и Бугарија
Современото факултетско образование подразбира услови за развој на бизнис идеи на младите. Универзитетот „Гоце Делчев“ работи на иновациски центар и Меѓународна стартап академија...

Високото образование не треба да нуди само академско знаење и вештини, туку обука за идни бизнис лидери и претприемачи. Универзитетот „Гоце Делчев“ работи на градење на стартап екосистем преку неколку иницијативи наменети за поддршка на младите претприемачи.
Со поддршка на американската амбасада, на УГД започна Меѓународна стартап академија со учество на средношколци од Македонија и Бугарија.
Би сакал да работам заедно со децата од Македонија, не познавам никој, но се радувам што ќе запознаам млади луѓе кои се овде да се забавуваат додека учат нови нешта.
Педесетина средношколци и студенти од Македонија и Бугарија ќе работат на развој на бизнис идеи кои ќе ги оценува меѓународно жири.
Славица Величковска
