20 нови консултанти ќе ги зајакнуваат домашните компании

18.09.2014 13:20

Ќе бидат опфатени вкупно 105 компании кои се пријавија на објавениот оглас за експертска помош...

Дваесетина нови странски конултанти ќе го зајакнуваат капацитетот на домашните компании од прехрамбената индустрија, производството, ИКТ и техничко-технолошкиот сектор. Освен од Холандија и Германија, експерти ќе дојдат и од други земји, и од ЕБРД!

Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев денеска информира дека овие експерти се ангажирани во вториот циклус од проектот, кој започна на почетокот на годинава и се очекува да заврши во средината на наредната година. Ќе бидат опфатени вкупно 105 компании кои се пријавија на објавениот оглас за експертска помош.

Ѓорѓиев истакна дека за Владата е важно што во овој циклус ќе бидат опфатени компании од целата територија на Република Македонија со различна големина и од различни сектори.