Туризам

Кризата на Блискиот Исток удира по туризмот во земјава

23.04.2026 17:19

Поскапувањето на авионското гориво предизвикало откажување или замрзнување на дел од резервациите на почетокот од туристичката сезоната во земјава. Нивото на резервации е далеку од тоа што било минатата година овој период – вели Влатко Сулев претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам.

Зголемувањето на цените на авиолетовите за странските дестинации би било од 20 до 30 евра, велат од асоцијацијата на туристички агенции. Засега нема откажувања, чартерите се закупени, но авиокомпаниите го задржуваат правото за корекција на цената.

Нашите туристи се соочуваат и со предизвикот на новиот систем при патување, па од асоцијацијата велат дека поднеле барање за олеснителни околности, барем на границата кај нашиот јужен сосед.

Кога станува збор за евентуалните олеснителни околности на јужната граница за наши граѓани, Националниот координатор за туризам вели дека новиот систем е европска стратегија, висока политика. Но, доколку не се спроведат, ќе трпи и грчкиот туризам.

Македонија има потенцијал, но туризмот има застарен модел. Дигиталната трансформација е клучот за поголеми приходи. Директна комуникација со гостите преку дигитални алатки кои овозможуваат резервации без посредници и поголема контрола врз цените и понудата. Наместо провизии од 15 – 20 проценти, приходот останува кај локалните бизниси се поентите од средбата на туристичките работници.

Александра Велинова