Собрание

На собраниската Комисија за политички систем, Предлог-измените на законите за влада и за пратеници

23.04.2026 17:01

Пржинска влада – за и против. Лидерот на СДСМ Филипче вели – или моделот ќе остане или излегуваме од работната група за Изборниот законик. За власта, тоа е политички незрел потег и постапувањето на ваков начин не носи ништо добро во интерес на граѓаните. Почеток, прекин, продолженија во Собранието...

Отфрлен беше предлогот на социјалдемократите точката за укинување на техничката влада да се тргне од дневен ред. Не мина кај мнозинството.

Социјалдемократите повторија дека за нив укинувањето на техничката влада претставува автократско владеење и условија или да се тргнат измените за влада од дневен ред или тие ја напуштаат работната група за изработка на Изборниот законик.

И додека ДУИ поднесе 13-тина амандмани и бара со нив техничката влада да се укине откако ќе влезе земјата во Европската унија, ВМРО-ДПМНЕ е со став дека сите демократски предуслови се исполнети и нема повеќе причина за постоење на пржинската влада. За СДСМ коментираат дека водат непринципиелна политика

На Комисијата за политички систем треба да се разгледа и точката со која пратениците не смеат да имаат двојно државјанство. Опозицијата бара тоа да важи и за актуелниот парламентарен состав, но и за избраните функционери. Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат темата со државјанствата доаѓа како нарачка од Бугарија, а СДСМ реализира и ја актуализира.

Миле А. Ристески