Образование
Јаневска ќе присуствува на отворањето на нова Лабораторија за претклинички вежби
24.04.2026 08:08
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе присуствува на отворањето на нова Лабораторија за претклинички вежби...

Денеска на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе присуствува на отворањето на нова Лабораторија за претклинички вежби.
Инвестицијата е во вредност од 10 милиони денари, по половина обезбедени од Министерството за образование и наука и Универзитетот, стои во известувањето од МОН.
