Судење на 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
Во Кривичниот суд треба да се одржи рочиште за судењето на 13-темина полициски службеници кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Денеска во Кривичниот суд треба да се одржи рочиште за судењето на 13-темина полициски службеници кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
На претходното рочиште, судењето беше одложено по барање на адвокатот на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николова поради обврски за друг притворски предмет со приоритет.
Според обвинението, 13 полициски службеници се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
