Украина

Зеленски: Ако светот сака да го запре Путин, мора да му каже дека греши

24.04.2026 10:48

Во Украина продолжуваат руските напади, додека Киев возвраќа со удари врз нафтена инфраструктура во Русија.

Во Украина продолжуваат руските напади, додека Киев возвраќа со удари врз нафтена инфраструктура во Русија. Зеленски предупредува дека ако светот сака да го запре Путин, мора да му каже дека греши. Тој им се приклучи на лидерите на ЕУ на самитот во Кипар, откако Унијата го одобри заемот од 90 милијарди евра и 20-иот пакет санкции против Русија.

„Одлуката на ЕУ 100 проценти ја тера Русија да размислува повеќе за преговори. Тоа е историска одлука и сум многу сум благодарен“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Европските лидери порачаа дека Украина има иднина во ЕУ и дека процесот на пристапување треба да продолжи.