ЕБОР: Македонската економија со раст од 3%

18.09.2014 14:08

ЕБОР ги ревидира проекциите за растот на БДП на повеќето земји во регионот...

Македонската економија оваа и наредната година ќе забележи економски раст од 3%, стои во најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој за економијата во Југоисточна Европа.

Според ЕБОР, поголем раст од Макеоднија ќе има само Косово, и тоа од 3,5 отсто.

ЕБОР ги ревидира проекциите за растот на БДП на повеќето земји во регионот. Србија и Хрватска годинава ќе бидат во рецесија од -0,5 отсто, Босна и Херцеговина наместо претходно прогнозираните 1,8 ќе има раст од 0,2 отсто, а како причина за намалувањето на растот се наведуваат поплавите и штетите кои ги направја во овој регион.

Проекцијата за Бугарија исто така е намалена од 1,9 на 1,5, а Албанија и Црна Гора ќе забележат раст од 1,7 односно 3%.

За целиот регион на Југоисточна Европа,  банката ја ревидира проекцијата од 2,2 на 1,9 %.