Куба останува отворена за разговори, но без услови
Трамп ја притиска Куба да направи политички и економски промени или да се соочи со воена ескалација на САД, додека зад кулисите се одржуваат дипломатски контакти меѓу двете земји.

Куба порача дека сака дијалог со САД, но е подготвена да возврати во случај на агресија. Хавана останува отворена за разговори без услови и со меѓусебно почитување и покрај зголемените тензии со Вашингтон. Трамп ја притиска Куба да направи политички и економски промени или да се соочи со воена ескалација на САД, додека зад кулисите се одржуваат дипломатски контакти меѓу двете земји.
„Гледаме што се случува низ целиот свет, во нашиот регион, на Блискиот Исток, па затоа не сме наивни. Се подготвуваме за сите сценарија. И инсистирам дека нашата прва опција, она што навистина го сакаме е успешен дијалог со американската влада“, изјави Ернесто Соберон Гузман, кубански амбасадор во ОН.
