САД

Едно лице загина, петмина се ранети во пукотница во трговски центар во Луизијана

24.04.2026 14:13

Според полицијата, станува збор за пресметка меѓу две групи, при што невини минувачи биле погодени во вкрстен оган...

Едно лице загина, петмина се ранети во пукотница во трговски центар во Батон Руж во Луизијана. Според полицијата, станува збор за пресметка меѓу две групи, при што невини минувачи биле погодени во вкрстен оган.

„Ова не беше случаен чин. Ова беше конфронтација меѓу две различни групи што сè уште се обидуваме да ја разоткриеме. За жал, невини минувачи беа затекнати во вкрстен оган“, изјави Сид Едвардс, градоначалник на Батон Руж.

Повеќе осомничени се уапсени и во притвор, а истрагата за мотивите продолжува.