Скопје
Најмалку двајца градежни работници затрупани со градежен материјал при ископ во Кисела Вода
24.04.2026 10:11
Голема трагедија се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, во која најмалку двајца градежни работници се затрупани со градежен материјал при ископ..

Голема трагедија се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, во која најмалку двајца градежни работници се затрупани со градежен материјал при ископ и подготовка на теренот за изградба на нова зграда.
Според неофицијални информации, еден од работниците е изваден, а други се длабоко затрупани, така што спасувачката акција е во тек.
Немилиот настан се случил зад кафулето „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“. На местото на настанот во моментот има амбулантни возила, полиција, пожарна.
