Уставен суд

Костадиновски: Интерпретативните одлуки како нов јазик на дијалог меѓу Судот и Законодавецот

24.04.2026 15:08

Костадиновски и Павловска-Данева се обратија на сесијата одржана на 23 април, со излагање на темата: „Интерпретативните одлуки како новина во македонското уставно судство“...

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Ана Павловска-Данева беа говорници на 91-та Средба на правниците, во организација на Здружението на правници на Република Северна Македонија, која се одржува од 23 до 25 април 2026 година во Охрид.

Костадиновски и Павловска-Данева се обратија на сесијата одржана на 23 април, со излагање на темата: „Интерпретативните одлуки како новина во македонското уставно судство“.

На средбата учествуваа правни експерти, судии, професори и претставници на институции, кои дискутираа за актуелни правни прашања и предизвици.