Битола доби нов Универзитет за информатичко- комуникациски технологии

18.09.2014 14:32

Се зголемува шансата за студирање на информатичко-технолошките факултети во земјава. Според експертите, ваквите кадри и натаму ќе бидат најбарани во економскиот сектор. Инжењерски работни места наскоро ќе пополнува и новиот Информатичко- технолошки факултет при Битолскиот универзитет...

Ленче Танаскоска е една од 350-те студенти од првата генерација на новоотвораниот Факултет за информатичко- комуникациска технологија при Битолскиот универзитет. Исклучително е задоволна што успеала да се запише на новиот факултет, што и отвора една поинаква перспектива во животот.

„Задоволна сум што сум бруцош на новиот факултет во групата на комуникациски науки и инженерство. Овој кадар е посебно баран на пазарот на трудот. Очекувам редовно да ги завршам студиитем, а потоа не само да не чекам долго работа, туку да имам поголем избор“, вели Танаскоска.

На формирањето на факултетот кој е спој на студиските програми на Техничкиот и Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, му претходеше темелна подготовка, велат од Универзитетот.

„Постоеше темелна подготовка и обемна работа зборува и самиот податок дека беа потпишани над 50 спогодби во осум примсроци на кои потпис ставија по четворица луѓе“, вели ректорот, проф. д-р Златко Жоглев.

Новата високообразовна институција се очекува да биде една успешна приказна ако се знае дека посебно во пелагонискиот регион има недостиг од ваков вид инженери. Постојаните странски инвестиции и потребите на европско ниво најавуваат убава иднина за оние што ќе ги завршаат студиите.

„Токму ваквите факти и постојаните препораки што ги добивавме од приватниот сектор како анализите што ги направивме дека до 2016 година на ниво на ЕУ ќе има потерба од 864.000 работни места за високообразовани инженери одлучивме да дадеме зелено светло за овој факултет“, рече ресорниот министер Иво Ивановски.

Министерот Ивановски вели дека добрата инфраструктури што ја дава широкопојасниот интернет се добра основа за работа, а во следните години ќе се воведуваат и нови студиски програми за кои ќе бидат ангажирани и професори од некоку еминентни светски универзитети.

 

Стевче Митревски