Еден загинат и тројца повредени во утринската несреќа на градилиште во Кисела Вода
Еден градежен работник загинал, а тројца се повредени во утринската несреќа на градилиште во скопската населба Кисела Вода, каде при ископ на темели дошло до затрупување со земја...

Еден градежен работник загинал, а тројца се повредени во утринската несреќа на градилиште во скопската населба Кисела Вода, каде при ископ на темели дошло до затрупување со земја.
Во несреќата биле затрупани четворица работници. Тројца од нив се извлечени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Еден од работниците бил пронајден без знаци на живот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.
