Копродукциска претстава на МНТ и театар од Полска за децата бегалци од егејска Македонија
Македонскиот народен театар и театарот од полскиот град Легница ќе работат на копродукциска претстава за децата бегалци од егејскиот дел на Македонија кои биле протерани во Полска. Во план е премиерата да биде во 2016 година, и во Македонија и во Полска, на македонски и на полски јазик и со актери од двете земји.

Институциите ќе потпишат двегодишен договор за соработка во копродукцијата, а по тој повод нивните директори денеска беа примени од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во присуство на полскиот амбасадор во земјава Јацек Мултановски.
Министерството за култура ќе даде целосна поддршка. Од следната година интензивно ќе се работи и ќе се истражува, зашто се работи за многу тежок проект, рече министерката Канческа-Милевска по средбата со гостите од Полска.
Легница е град во западна Полска, на границата со Чешка и со Германија во кој, како што појасни директорот на тамошниот театар Јацек Гломб, имало многу деца бегалци од егејска Македонија.