Неизвесноста расте: Шкотска решава за својата независност!
Анкетите велат се стега обрачот меѓу гласачите кои треба да одлучат дали земјата да остане или да се оддели од Обединетото Кралство...

Историски ден за граѓаните на Шкотска. Околу 4,3 милиони гласачи со навршени 16 години на референдум треба да се изјаснат на прашањето „Дали Шкотска треба да биде независна држава“. Право на глас немаат граѓаните што живеат надвор од земјата.
„Ова е е единствена шанса во животот и досега излезноста на гласање е многу голема. Своето право на глас го користат малдите, но и повозрасните“, вели Алекс Салмонд, прв министер на Шкотска.
Анкетите велат се стега обрачот меѓу гласачите кои треба да одлучат дали земјата да остане или да се оддели од Обединетото Кралство.
„Без разлика каков ќе биде референдумот земјата секако ќе биде поделена... Ова е многу важен период за Шкотска. Цела генерација има сила за политички и економски проемни во земјата...“, велат гласачите.
Британскиот премиер со став секому кому му е грижа за Велика Британија од утрово е нервозен. И Европа со внимание го чека исходот од референдумот, кој може да биде иницијална каписла за отцепување и на други држави во Европа и светот. Првите неофицијални резултати се очекуваат во текот на ноќта, додека официјалните ќе бидат презентирани во текот на утрешниот ден. Доколку референдумот успее, прогласувањето на независност ќе се случи на 24 март 2016 година.
Марија Петковска
