Образование

Јаневска најави нова покрупна неправилност по случајот на Филозофскиот факултет

24.04.2026 17:26

Идната недела разврска за случајот со незаконските уписи на Филозофскиот факултет. Министерката Јаневска го добила извештајот од просветниот инспекторат во кој се утврдени пропусти. Откриен нов случај кој ќе ја изненади јавноста...

Идната недела разврска за случајот со незаконските уписи на Филозофскиот факултет. Министерката Јаневска го добила извештајот од просветниот инспекторат во кој се утврдени пропусти. Вели, детално ќе го разгледа и ќе реши кој направил грешка, администрацијата, раководството на факултетот или студентите.

Од ресорот најавуваат крај на ваквите злоупотреби и зајакнати контроли од Агенцијата за квалитет во високото образование која во минатото беше нефункционална. Откриен нов случај кој ќе ја изненади јавноста.

Факултетот го доби извештајот и е должен да постапи по дописот од Просветниот инспекторат и законските прописи ќе бидат испочитувани во овој случај, вели  ректорката на УКИМ, Ангелова, која тврди дека по добивањето на сите податоци универзитетот ќе информира за конечниот исход.

Според извештајот на ДПИ од 2019-та година на Филозофскиот факултет незаконски се запишале седум магистранти и четворица докторанти. Кандидатите доаѓале со завршени тригодишни стручни студии, кои според законот не дозволуваат директен премин на повисок циклус академски студии. Осум студенти магистрирале, а МОН допрва ќе носи одлука дали ќе им ги поништи дипломи.

Викторија Милевска