Синдикатот за градежништво бара темелна истрага за трагедијата во Кисела Вода
Посочува дека небезбедните услови при работа, ниските плати и прекувремената работа придонесуваат да има уморни работници кои поради егзистенцијални потреби се принудени да работат во ризик...

Синдикатот за градежништво бара темелна истрага за трагедијата во Кисела Вода.
„Утрово немаше да имаме загинат работник доколку се почитуваше законот и доколку тие што треба да го контролираат спроведувањето на законите треба да се на терен пред да се случи несреќа, а не отпосле. Со просек од 20 несреќи со фатален крај и преку 200 повреди при работа годишно, Македонија за жал особено во секторот градежништво е убиец број еден во Европа“ велат од Синдикатот за градежништво.
Посочува дека небезбедните услови при работа, ниските плати и прекувремената работа придонесуваат да има уморни работници кои поради егзистенцијални потреби се принудени да работат во ризик.
„Нашата пракса покажала дека во ваков случај одговорноста треба да се бара кај главниот изведувач, надзорниот орган и Државниот инспекторат за труд. Бараме итна и темелна истрага, утврдување одговорност и преземање конкретни мерки за да не се повтори ваква трагедија. Бараме редовни инспекциски контроли и спроведување на стандардите“ велат од Синдикатот.
