Мега дуели и во последното коло по групи, во Полска
18.09.2014 15:11
На Полјаците им треба максимална победа со 3 бода, истото го сонуваат и Иранците, но се прашуваат и Русите, односно Французите.
Домаќниот атакува на „само“ два сета и еден единствен бод против актуелниот олимписки шампион, што го води во елиминациите. Од друга страна, „триколорите“ проаѓаат и со 58 освоени поени дури и во пораз од 3:0.

Бразил со убедливиот триумф од 3:0 против Русите во второто коло си обезбеди полуфинале, каде што чекори уште од, од оваа перспектива далечната 1998 година. Тројниот светски шампион и втор пат на овој шампионат ги совлада Русите, а математиката вели дека е можно овие две селекции да играт и во финалето.
Почна лошо со убедлив пораз од Французите, но по вчерашниот триумф против Иранците, Германија си обезбеди полуфинале. Ако случајно, или не, Иран успее да ја лимитира Франција на 57 поени и ако се пласира во ½ соочувања, одбојкарите ќе добијат награда од 500.000 евра. Кој знае што би добиле за медал.
Русија против Полска, во живо на Македонската Телевизија од 20:30. Во истиот термин, играат Иран и Франција.