Прилеп
Зголемен интерес за тутунопроизводство
25.04.2026 13:53
Тутунарите ја почна новата производствена реколта. Огромен е интересот, се очекува рекорден принос. Дали тутунот станува една од најисплатливите земјоделски гранки?

Миле Трајкоски од прилепско Мало Коњари годинава двојно ги зголеми површините со тутун. Смета дека во моментов е исплатлива земјоделска култура и очекува добра година, голем род и уште повисоки цени.
Огромен е интересот за тутунопроизводство. Тутунарите со откупувачите склучија 35.227 договори и очекуваат производство од преку 31,5 илјади тони што е најголемо досега.
За 15-тина дена ќе почне садењето на тутунот. Субвенциите за лани се очекуваат до крајот на месецов.
Елизабета Митреска
