Струмица

100.000 евра инвестиции во пристап и уредување на водопадите на Беласица

25.04.2026 16:26

Околу 100.000 евра ќе се инвестираат наредниот период за пристап и уредување на водопадите на Беласица. Смоларскиот ќе добие и нова платформа откако непознати сторители ја опожарија претходната.

До крајот на мај ќе биде поставена нова платформа пред Смоларскиот водопад откако пред две години постоечката беше опожарена од непознати сторители. Паралелно ќе се асфалтира и патот кон водопадите. Речиси 100.000 евра ќе бидат инвестирани кои треба да го поттикнат руралниот туризам.

Инвестиции се планирани и на Колешинскиот водопад. И таму ќе се реконструира платформата, а ќе се уредуваат и постоечките летниковци.

Со првомајските празници почнува посетата на водопадите на Беласица кои на Општина Ново Село им носат илјадници туристи и посетители претежно преку викендите.

Ване Трајков