Покрај Дојранското Езеро ќе се прави инклузивна плажа
Со средства од ЕУ во Дојран ќе се гради првата инклузивна плажа во земјава која ќе го олесни пристапот на лица со инвалидитет до водата преку иновативни автоматски решенија. Планирани се и возила за разгледување на туристичките локации за овие лица.

Во Дојран ќе се прави инклузивна плажа на која пристап би имале и лица со попреченост. Паралелно за овие лица се планира и инклузивно опремено возило како и електрични за разгледување на туристичките локации. Ова е предвидено во проектот што Центарот за развој на Југоистокот ќе го реализира во наредниот период заедно со Институтот на Национална конфедерација на лица со попреченост од Грција.
Проектот „Пристапност и инклузија за сите до јавните туристички ресурси и туристички услуги“ претставува значаен чекор кон создавање на подостапен поинклузивен и одржлив туризам кој ќе овозможи еднаков пристап до туристичките услуги до сите граѓани.
Со проектот се планира и аудио базиран систем за лица со оштетен вид, но и набавка на мобилни рампи за општините од Југоистокот.
Ване Трајков
