Блиски исток

В понеделник можна средба меѓу Вашингтон и Техеран во Исламабад

25.04.2026 10:22

Виткоф и Кушнер ќе одржат одделни билатерални разговори со пакистанските медијатори.

Во понеделник можна средба меѓу американските претставници Виткоф и Кушнер и иранскиот министер за надворешни Аракчи во Исламабад.

Виткоф и Кушнер ќе одржат одделни билатерални разговори со пакистанските медијатори.

Трамп изјави дека американските претставници сега преговараат „со луѓето кои моментално се на власт“ во Иран, најавувајќи дека Техеран планира да понуди „нешто што ќе биде во согласност со барањата на Соединетите Американски Држави“ во разговорите.

И иранските државни медиуми објавија дека шефот на дипломатијата Аракчи, исто така патува во Пакистан, но, ги негираа извештаите на американските медиуми, дека Аракчи ќе учествува во преговорите со американската делегација.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, вели дека Иран има „историска шанса“ да склучи договор и да ја заврши војната на Блискиот исток.