Воен конфликт
Продолжуваат руските напади во Украина
25.04.2026 11:43
Рускиот министер за надворешни работи Лавров изјави дека „црвените линии“ на Москва во врска со Украина се дефинирани долго време.

Ноќеска руските трупи испукале крстосувачки ракети од регионот на Каспиското Море кон Украина, масовен напад со беспилотни летала и врз Одеса, соопштија украинските воздухопловни сили. Нападнат и индустриски објект и во Днепар.
Рускиот министер за надворешни работи Лавров изјави дека „црвените линии“ на Москва во врска со Украина се дефинирани долго време, опишувајќи ги како несериозни повиците од Европската унија за нивно дополнително разјаснување.
