Зголемен број деца со респираторни инфекции
Зголемен е бројот на деца со респираторни инфекции во Куманово. Почна и сезоната на алергии, што ја отежнува здравствената состојба кај дел од дечињата.

Зголемен број дечиња со респираторни инфекции регистрира детското одделение при кумановската болница. Дневно информираат оттаму има до 80 прегледи.
Обемот на работа не е намален уште од септември, што претставува дополнителен притисок врз педијатриската служба.
„Имаме хоспитализирани до 40 дечиња во дневна болница и во стационар. Матичните ги третираат горнореспираторните, кај нас доаѓаат со компликации, деца со опструктивен бронхит, пневмонии, искомплицирани вирусни пневмонии, изолираме бактерии од типот на мораксела и стрептококус пневмонија“, изјави Маргица Арсовска, педијатар и началничка на детски оддел Општа болница Куманово.
Од детскиот оддел потенцираат почна и сезоната на алергии. Препораката е родителите да обрнат внимание на превентивната терапија.
„Дечињата што се со алергии на полен се ставени на терапија, локална кортико превентивна терапија во случаи на кашлица се третираат, во време наутро да не излегуваат толку кога е највисоко нивото на поленот во околината, тие се препораките, ако е алергијата внатре на домашна прашина и слично се дава за контрола на околината, совет на родителот и на тој начин да се контролираат асматичните напади“, вели д-р Арсовска.
Текот на алергиските заболувања и астмата е индивидуален и зависи и од имунолошкиот систем, генетската предиспозиција.
Елена Георгиевска
