Се проширува истрагата за нелегалниот увоз и користење на медицински средства
Кривични има за 19 физички лица и шест правни субјекти. Дел од приведените изведени пред судија на претходна постапка.

Се проширува акцијата за сузбивање на криминалната мрежа за илегален увоз на медицински средства и помагала за естетски зафати. Приведени доктори на Клиниката за дерматологија и во „8 Септември“, но и сопственици на дерматолошки ординации, организатори на нелегалните лекови и ботокс.
Кривични има за 19 физички лица и шест правни субјекти. Дел од приведените изведени пред судија на претходна постапка.
Од доставените 11 предлози за определување мерка притвор, Обвинителството, по сослушување на осомничените, за две лица го преиначи предлогот во мерка куќен притвор, од кои, судот едниот го прифати, а другиот го одби и определи мерки на претпазливост.
Од деветте предлози за притвор, судот уважи шест, а одби три. Тие добија куќен притвор. Мерки на претпазливост има за деветмина осомничени.
