Фемицид или самоубиство- најчест исход од семејно насилство
Фемицид или самоубиство се за жал најчеста завршница од постојано насилство. Како причини се наведуваат ненавремена реакција на системот, никој не сака да слуша или нема поддршка. Во отсуство на официјална статистика, податоците на невладините покажуваат дека 15 насто од жените во земјава се жртви на насилство. Голем дел имаат трагичен крај.

Фемицид или самоубиство за жал, честа завршница од постојано насилство, зашто системот потфрлил, зашто никој не сака да слуша, нема поддршка, и сето тоа во свет полн со луѓе и институции со соодветна мисија. Нашата соговорничка, вели, не се постапува навреме. А и кога се постапува, не се процесуира. Изложена на насилство со години од сопруг коцкар, насилник со родители кои му се сојузници живее во ужаси.
Невладина која се бори со овој феномен со вештачка интелигенција создаде стихови и спот како чин за поддршка која толку им е потребна. Сакаме да знаат дека не се сами, вели човекот кој ја создаде песната за кампања посветена на борбата против секој вид насилство врз жените и децата. Реџепи вели не се откажуваме го споделивме со сите институции за да реагираат веднаш.
Трагедијата е уште поголема кога децата пред кои насилникот ја напаѓа жртвата најчесто мајката ќе почнат да го имитираат. Тука почнува нов круг на насилство.
Во отсуство на официјална статистика, податоците на НВО покажуваат дека 15% од жените во земјава се жртви на насилство од кои голем дел имаат трагичен крај. Час поскоро, повикуваат соговорниците, одговорните да се мобилизираат и да постапуваат.
Фиљана Кока
