Свет

Локални избори во Палестина, први по две децении

25.04.2026 17:59

Западот смета дека изборниот циклус би можел да го отвори патот за првите национални избори. Некои палестински фракции го бојкотираат гласањето. Хамас објави дека ќе ги почитува резултатите.

Повеќе од еден милион Палестинци, вклучувајќи 70 илјади во Газа гласаат на локални избори, први по две децении.

Западот смета дека изборниот циклус би можел да го отвори патот за првите национални избори. Некои палестински фракции го бојкотираат гласањето. Хамас објави дека ќе ги почитува резултатите.

Откако во октомври стапи во сила прекинот на огнот во Газа, постигнат е мал напредок кон договор што би обезбедил меѓународен надзор во енклавата.

Европските и арапските влади го поддржаа евентуалното враќање на власта на Палестинската самоуправа врз Газа и воспоставувањето независна палестинска држава што ги опфаќа Газа, Источен Ерусалим и Западниот Брег.