Атрактивно и ефикасно за почеток
20 погодоци, 4 нерешени исходи, ниту една гостинска и две убедливи победи на домаќините го обележаа стартот на натпреварите по групи во Е-Х сегментот во Лигата на европските шампиони.

20 погодоци, 4 нерешени исходи, ниту една гостинска и две убедливи победи на домаќините го обележаа стартот на натпреварите по групи во Е-Х сегментот во Лигата на европските шампиони.
Во дербито на Е групата Баерн до значајни три бода во мечот со Манчестер Сити дојде дури во 90-тата минута со голот на Боатенг, откако стана јасно дека повратникот во елитата Рома и тоа како ќе биде сериозен конкурент за едно од првите две места во групата. На Олимпико римјаните по триесет минути веќе имаа убедливи 4 спрема нула во дуелот со московска ЦСКА. Итурбе отвори во 6-тата минута, Жервињо погоди во 10-тата и 31-та, во меѓувреме и Маикон во 20-тата ,а во вториот дел Игњашевич си постигна автогол за честа на гостите ако воопшто можеше да ја спаси Муса во 82-та за конечни 5-1.
ПСЖ брзо ја наметна фаворитската улога на амстердам арената со голот на Кавани во 14-тата минута, но дека е потребно време вложените милиони да заиграат се покажа со голот на Шене во 74-тата минута и уште повеќе откако истиот играч можеше да се избори за комплетен пресврт и победа на Ајакс. Барселона сепак лесно без оглед на комбинираниот тим се справи со Апоел за минимални 1-0 со голот на Пике.
Две нерешени со по дба гола во двете средби од Г конкуренцијата. Челзи отвори со реми против Шалке откако по голот на Фабрегас ,Хунтелар погоди за 1-1, додека Марибор предводен од Агим Ибраими спаси бод во 90-тата минута со голот на Заховиќ, откако претходно Спортинг 10 минути водеше со голот на Нани.
Без победник и без голови заврши дуелот во Билбао меѓу Атлетик и Шахтјор, а Бате Борисов ја почувствува моќта на Порто на Драгао. Брахими отвори со два гола, во првиот дел погоди и Мартинез, за одново Брахими со својот трет погодок да најави нови два на Адриан и Абубакар за конечни Порто- Бате 6 спрема нула.
