Несреќа на градилиште во Кисела Вода

Повредените градежници во стабилна состојба

25.04.2026 14:55

Четворицата градежни работници се во стабилна состојба по несреќата на градилиште во Кисела Вода. Додека Обвинителството прибира докази за утврдување одговорност, случајот повторно ја отвори дебатата за безбедноста на работните места.

Стабилна е здравствената состојба на четворицата пациенти кои беа хоспитализирани по трагедијата на градежен објект во општина Кисела Вода. На еден од нив беше извршена хируршка интервенција.

Јавен обвинител со наредби за обезбедување на неопходната документација за утврдување на фактичката состојба и евентуална одговорност за несреќата на градилиштето во Кисела Вода. Оваа трагедијата повторно ја отвори темата за безбедноста на работните места. Во земјава нема официјална бројка за несреќи, сериозни повреди и смртни случаи на работните места. Според експертите, потребно е подигнување на јавната свест и потребно е да се преземат превентивни мерки.

Потребно е да имаме и детална анализа, смета експертот за заштита при работа, Милан Петковски, интервенција во законот за безбедност и здравје при работа, и повеќе инспектори на терен.

Најчести повреди на работните места се во градежништвото, во земјоделството и во индустријата.

Ана Јосифоска